Секој македонски граѓанин во просек должи околу 2.300 евра во банка

t

Компаниите и граѓаните на банките во април вкупно им должеле 8,268 милијарди евра, a околу половина од ова е долгот на граѓаните, кој изнесува 4,168 милијарди евра, што значи дека во просек секој македонски граѓанин во банка должи околу 2.300 евра. Компаниите должат вкупно 4,056 милијарди евра во банките.

Вкупните депозити, пак, изнесувале 9,771 милијарди евра, од кои 6,644 милијарди се депозити на граѓаните, покажуваат податоците кои ги објави Народната банка.

Граѓаните во април најмногу се задолжувале со потрошувачки и станбени кредити. Тие бележат месечно зголемување од 0,9% односно од 1,1%,и годишен раст од 9,1% и 14%.

Во април, автомобилските кредити забележале раст на месечна и на годишна основа за 0,4% и 2,3%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен раст од 0,3%, при годишен пад од 7,9%. Негативните салда на тековните сметки, во април, забележаа месечно намалување од 9,3%, во услови на годишен раст од 0,1%. Во април, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 2,3% односно 9,0%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Курсна листа на Народната банка на Република…

Собранието го избра Славевски за гувернер на…

Собранието, односно владејачкото мнозинство пред малку го…

Собранието ќе одлучува за новиот гувернер на…

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа…