Секој сериозен политички лидер треба да присуствува на лидерската средба!
Се уште нема конечен став на ВМРО-ДПМНЕ за средбата во понеделник за којашто сметам дека е најпотребна во денешно време, рече потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревса во гостувањето на Сител телевизија. Според неа добар чекор е што премиерот Ковачевски испратил покана до сите субјекти.
-Ќе се разговара за европската иднина и креирање општествен политички консензус за клучни прашања кои ќе ни го отворат европскиот пат. На граѓаните им треба ЕУ перспектива, тоа е за она што треба да се разговара, а секако дека ќе се отворат и други теми. Средбата ќе има дебатен карактер, рече Лукаревска.
Таа смета дека ќе надвладее разумот и секој сериозен лидер и сериозна партија треба да биде дел од дебатата во понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукаревска: Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе…
Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП)…