Секоe 20-то ливче е неважечко, сите партии со помал резултат од лани, над 111 илјади гласачи помалку на избори за една година
Македонија гласаше, ама не цела. Повеќе од половина со право на глас останаа дома. Според ДИК, на локалните избори 2025-та за советнички листи- гласале 48,29% од запишаните избирачи. Победник според општинските советнички листи е ВМРО-ДПМНЕ со 301.902 гласови.
Има два и пол пати повеќе од следниот резултат, вторите- социјалдемократи кои имаат 125.874 партиски гласови.
Помалата излезност,многуте независни листи, но и огромниот број на неважечки ливчиеа, над 50 илјади или 5,65% од гласачите им пресудија и на партиските резултати.

Па, така во проценти, ВМРО-ДПМНЕ за една година паднало за 129 илјади гласови, односно за повеќе од 9%- лани освоија 43,27% од вкупниот број излезени гласачи вчера 34,14%. Пад имаат сите партии. СДСМ има 27 илјади гласови односно 1,1% од уделот помалку од лани.
ДУИ паднале за 1 процент односно за 23 илјади гласови. ВРЕДИ освоиле речиси 15 илјади помалку гласови, а Левица за 10 илјади гласови помалку. ЗНАМ пак има 17 илјади гласови помалку од лани. Сите имаат послаб удел во процентот на освоени гласови.
На градоначалничките листи пак е многу појасно. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освоиле 32 градоначлници, ВРЕДИ има 5, ДУИ-4, а СДСМ има тројца градоначалници. Освен една градоначалничка, сите избрани се мажи.
За споредба со претходните локални избори пред 4 години, големите партии бележат раст освен големиот речиси двоен пад на советнички листи за СДСМ. Социјалдемократите за 4 години од 237 илјади паднале на 125 илјади гласови на советнички листи.
ВМРО-ДПМНЕ има освоено 13 илјади повеќе од 2021-ва, ДУИ освоил над 10 илјади гласови повеќе од претходните локални избори, а подобар скор за над 7 илјади гласови има и Левица. ЗНАМ тогаш не постоеше, но освои 10 илјади гласови во Куманово.
Резултати на советнички листи, по партии, Локални избори 2025: ДИК
Излезени гласачи: 884.417 (48,29%)
ВМРО ДПМНЕ 301.902 (34,14%)
СДСМ 125.874 (14,23%)
ДУИ 113.477 (12,83%)
ВЛЕН 91.974 (10,4%)
Левица 57.086 (6,45%)
ЗНАМ 38.485 (4,35%)
Коалиција Искуство (ЛДП/ГРОМ/Интегра) 13.099 1,48%
неважечки 50.007 5,65%
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секоe 20-то ливче е неважечко, сите партии…
Македонија гласаше, ама не цела. Повеќе од…
Руско МНР: Лавров и Рубио имаа конструктивен…
Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата,…
Ердоган вети дека ќе ja убеди Мелони…
Случајната средба на турскиот претседател Реџеп Таип…
Исчезнала среде бел ден во населено место,…
Повеќе од една година семејството Јанкови живее…
Пенов: Во Советот ќе се борам,нема да…
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов…