Села го продаде кучата: Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите, друга опција не треба да постои
Сметам дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став.
Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија.
– Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители, изјави Села.
Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат на Северна Македонија треба да биде членство во ЕУ.
– Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави Села.
Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени.
– Немаме никакво двоумење, ние би прифатиле таков предлог како политичка партија и тоа е ставот на Алијанса за Албанците, изјави Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…