Села најави уште една уставна измена? Ако нема Бадентер ќе има дводомен парламент!

t

Дали Христијан Мицкоски ги условува албанските партии за бришење на терминот 20% од Уставот со бришење на принципот на Бадинтер и балансерот? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува да ја повторува истата реченица – ако зборуваме за проценти, да зборуваме и за Бадентер и балансерот, објави ТВ21.

Зијадин Села со одговор на ваквиот став на Мицкоски. Првиот човек на Алијанса за Албанците вели дека ако нема Бадентер, тогаш има дводомен парламент.

-Ако ме прашувате за отстранувањето на дефиницијата 20% и Македонија да се дефинира како држава со два службени јазици – албански и македонски, да, јас ќе го поздравам секој политичар кој е подготвен да седнеме и да разговараме на оваа тема. Во однос на другите теми кои ги отворате како што е Бадентер и балансер, ако некој политички чинител има на ум некаков друг механизам кој ќе ја запре мајоризацијата и е поефикасен од Бадентер, да, подготвени сме да разговараме. Дури ние имаме и предлог, ако нема Бадентер, да има дводомен Парламент, вели Зијадин Села, пишува Тв 21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села не кажува дали ќе го напушти…

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците…

Хрватите во Македонија сакаат да влезат во…

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од…

(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…

Жесток хаос во моментов владее во Собранието…

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…

„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…