Села негира дека ќе стане дел од Владатa – Меџити: Пратеничката група на ВЛЕН може да се прошири
Изет Меџити вели дека НАИ ќе се распадне и дека ќе има промени во нејзините структури. Според него, пратеничката група на ВЛЕН може да се прошири.
ТВ21: „Дали ќе се прошири пратеничката група на ВЛЕН по локалните избори?“
Меџити: „Можно е.“
ТВ21: „Има ли комуникација?“
ТВ21: „Со кого, на пример?“
Меџити: „Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Според резултатите, очекувам НАИ да се распадне и да има нови политички движења.“
На прашањето за иднината на Зијадин Села и можноста тој да стане дел од Владата, Меџити одговори дека не ја исклучува таа можност.
„Не ја исклучувам можноста тој да стане дел од Владата. Сите ние комуницираме. Толку е измешана политичката сцена, има толку многу турбуленции откако се формираа овие два блока, и мислам дека ќе има уште турбуленции сè додека не се дојде до вистинскиот исход“, изјави Изет Меџити.
Но, ваквата изјава ја демантираше самиот Зијадин Села преку статус на Фејсбук.
„Вистината секогаш е чиста и непомешана, таа е само една и не може да биде две или повеќе. И вистината звучи вака, Изет! Ти – во комуникација со мене, НЕ. Јас – дел од Владата, НЕ“, изјави Зијадин Села од НАИ.
Додека Меџити тврди дека НАИ ќе се распадне поради поразот во поголемиот дел од општините, од НАИ велат дека тие се победници на изборите, сметајќи го бројот на освоени советнички мандати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села негира дека ќе стане дел од…
Изет Меџити вели дека НАИ ќе се…
Макрон и бакна рака на нашата претседателка…
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше…
Мојсоска: Ќе даде ли Изет поддршка за…
Додека се Мицкоски и Изет Меџити во…
Никој до сега не се разболел од…
Досега не се забележани некои заболувања што…
Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување…
Компанијата Лукоил најави дека ќе ги продаде…