Села: Нема да се откажеме – Даути ќе остане претседателка на собраниската Комисија
Претседателот на Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Европскиот фронт, Зијадин Села вели дека неговата партија нема да ја прифати оставката на Илире Даути и дека таа ќе остане претседателка на Комисијата за млади и социјална политика.
-По изгласувањето на интерпелацијата, ако треба повторно да предложиме кандидат за таа комисија, тоа повторно ќе биде Илире Даути, рече Села.
-Не се откажуваме од луѓето што ги бираме. Не се откажавме од Албани во Боговиње и многу други луѓе. Даути е избрана со вашиот глас, гласот на Албанците и Алијансата за Албанците, изјави претседателот на АА, Села.
Пет интерпелации завршени во петокот. Три за министри во владата и една за заменик министер не минаа. Ги поднесе ДУИ, но владејачкото мнозинство гласаше против разрешувањето на Тошковски, Меџити, Стоиљковиќ и Исени. На сите ДУИ им замерува дека на Денот на албанското знаме не реагирале соодветно. Секој со свое гледиште до пред полноќ.
Од друга страна мнозинството пратеници гласаа за интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика. За неа камен на сопнување беше тоа што на Комисија не ги стави измените на Законот за бранителите. За интерпелацијата гласаа Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, но не и пратениците од ВЛЕН.
Останува отворено дали Европскиот фронт предводен од ДУИ на местото на Даути ќе предложи нов претседател на Комисијата за социјална политика или и покрај интерпелацијата таа ќе остане на чело на ова собраниско тело. Интерпелацијата не значи и нејзино разрешување.
Појаснувањето стигна од кабинетот на спикерот Африм Гаши. Интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села: Нема да се откажеме – Даути…
Претседателот на Алијансата за Албанците, која е…
Србија почна технички разговори со САД за…
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне…
Песков: Многу земји би сакале да бидат…
Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа…
Вечер е Стара нова година, а утре…
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот…