Села: Опаметете се, не го допирајте албанскиот јазик

t

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците му порача на премиерот Христијан Мицкоски да не чепка во албанскиот јазик.

-Кога сме на тема јазикот, долго време се најавуваше дека нема да му се наштети на албанскиот јазик, само три члена од законот се тие што ќе се отстранат. И излезе вистината, дека целиот Закон за употреба на јазиците е доведен во прашање. Тие рекоа дека овие прашања за албанскиот јазик се додека се таму нема да се чепка албанскиот јазик, но од друга страна преку уставните судии беше соопштено дека целиот закон е доведен во прашање, а не само три члена – вели Села.

Тој додава дека излегла на виделина вистината дека иницијативата за укинување на законот за употреба на  јазиците била на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа го знаат и веќе го објавиле на јавноста.

-Апел до Владата, до Христијан Мицкоски, точно е дека Уставниот суд не е во прашање, но ваша иницијатива е да се чепне албанскиот јазик. Опаметете се и не допирајте го албанскиот јазик, јазик кој, од археолошките извори и направените откритија, датира повеќе од 8 илјади години овде во оваа земја. И кога ќе поминете барем една седмина од овие 8 илјади години на овие краишта, тогаш можеме да зборуваме за албанскиот јазик. А заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Направиле отпор со илјадници години и нема да ви пружаат отпор вас за овие 5-6 месеци владеење што ги правите или не знам на колку други влади ќе пружат отпор – вели Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…

Ковачевски нema никаков легитимитет, вели Села

Зијадин Села нема да поднесе оставка од…