Села: Таравари не е орган на одлучување и да не го крши статутот на партијата!
Веднаш по повикот што претседателот на Алијанса, Арбен Таравари, преку објава на Фејсбук го упати до Централното собрание, партијата да оди со албанската опозиција на избори, дојде и реакцијата на претседавачот на Централното собрание, Зијадин Села. Преку текст, исто така на Фејсбук, Села вели дека Таравари не испратил никаков предлог до Собранието, додека неговиот напис на Фејсбук го нарекува прекршување на статутот на партијата.
„Како претседател на централното собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за понуда за коалиција со која било друга политичка партија, информиран сум и дека никој од нив не знае за некаква писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи.Поединецот, во овој случај претседателот на партијата не е орган на одлучување, има право да предложи до телото кое има право на одлучување, а тоа е раководството на партијата кое во моментов има одлука и тоа е дека Алијансата за Албанците сама се натпреварува на изборите. Друго одлучувачко тело е партиското собрание. Тенденциите на криумчарење во партијата за сметка на незнам кој преку статус на „Фејсбук“ е сериозно нарушување на статусот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обиди за разјаснување на ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, пишува Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…
Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на…
Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…
Во ноември 2021 година се издадени 406…