Селими: И да влезат Бугарите во Уставот пак може било која земја да не’ блокира со нови барања!
Македонија дури и да ги направи измените на Уставот, пак ќе биде блокирана во ЕУ од други земји, исјави политичкиот аналитичар Сефер Селими за ТВ Телма.
Тој во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, одговарајќи на прашањето кое е неговото мислење за уставните измени и внесување на Бугарите во него, рече дека дури Македонија да ги направи тие уставни измени и да ги внесе Бугарите во него за кои што денеска и премиерот Димитар Ковачевски свика лидерска средба за да побара поддршка од сите политички партии, смета дека ова нема да биде последна блокада на Македонија како и дека власта не може да биде сигурна и да мисли дека друга држава нема да побара исполнување на некое друго барање.
Јас мислам дека и јавноста треба да се подготви не само од политичките партии, туку и од сите чинители дека ова нема да биде последна блокада, нема да биде последна отстапка која што треба да ја направи како држава. Тој процес е доста сложен, ние не можеме да сме сигурни или да мислиме дека нема да се појави некоја друга држава која ќе нема барања. Секакви барања може да има, смета Селими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…