Селма Бајрами вратена од српска граница, има забрана за влез зошто вееше орли на настап

t

Босанската фолк пејачка Селма Бајрами вчера била приведена на аеродромот „Никола Теска“ во Белград кога се обидела да влезе во Србија, по што веднаш била ставена во авион за назад. Како што соопштил поранешниот директор на БИА, Александар Вулин, по негова ѝ е забранет влез во Србија бидејќи Бајрами гордо ги покажувала симболите на Голема Албанија пред камерите.

Станува збор за настап од ноември, во кој Бајрами ја пее пенсата „Вале Косоваре“ по што со рацете го прави двоглавиот орел.

Не може да ги покажувате симболите на „Голема Албанија“ и да земате пари во Србија. Кому „Голема Албанија“ му е гордост, Србија не треба да му биде тезга. Како што кажав, додека ѝ служев на Србија како директор на БИА, издадов голем број наредби кои се однесуваат на сите оние кои го газат достоинството на Србија и нашиот народ. Не знам кои наредби сè уште се во сила, но најдобро е предавниците и оние кои мислат дека е можно неказнето да се плука по Србија, сами да си проверат, изјави Вулин за Танјуг.

Oткако видеото на кое лета орли се прошири по интернет, Бајрами се огласи на социјалните мрежи:

Бидејќи гледам дека некое мозоче објави снимка од мојот настап во Сараево, каде што пеам албанска песна, обидувајќи се да ме загрози мене и мојот однос со публиката во Србија, чувствувам потреба да се изјаснам. Како што знаат повеќето мои следбеници/фанови, моите корени се од Косово, дедо ми беше Албанец од Косово. На споменатиот настап во Сараево, еден човек од публиката ми ја побара таа песна и јас не гледам никаков проблем да ја испеам. Утре кога ќе дојдам во Белград и некој ми нарача српска песна со задоволство ќе ја отпеам. Музиката го победува секое зло, а јас отсекогаш сум бил пејач кој пее за сите народи! И за Бошњаците, и за Србите и за Албанците. За сите! Секој ќе го толкува тоа како сака, а јас ти испраќам љубов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…