Семејството Назарбаев со два авиони избегало од Казахстан, еден долетал од Македонија?
Иако аеродромот во главниот град на Киргистан, Бишкек, нема информации за слетувањето на леталото на семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, како што пренесува РИА Новости,, претходно, голем број медиуми објавија дека на меѓународниот аеродром Манас слетале два приватни авиони, кои наводно му припаѓаат на семејството Назарбаев.
Еден од нив долетал од Македонија, другиот од Обединетите Арапски Емирати. По некое време, двата авиони го напуштиле аеродромот на киргистанската престолнина.
„Немаме такви информации“, велат од аеродромот на прашањето дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев. Исто така, воздушното пристаниште не можеше да потврди дека авионите припаѓаат на семејството на поранешниот претседател на Казахстан.
Во првите денови од новата година почнаа протестните акции во Казахстан. Жителите на градовите Жанаозен и Актау, кои се наоѓаат во регионот Мангистау каде што се произведува нафта, протестираа против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите. Од републичкото Министерство за енергетика објаснија дека од 1 јануари неговата вредност почнала да се формира при електронското тргување на берзата врз основа на понудата и побарувачката.
На 4 јануари властите објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите започнаа и во другите градови. Тогаш Токаев ја распушти владата. Тој најави и дека доаѓа на чело на Советот за безбедност, кој претходно го предводеше првиот претседател на републиката Нурсултан Назарбаев. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја беше воведена вонредна состојба.
Претседателот ги предупреди демонстрантите дека властите ќе преземат најстроги мерки против насилниците, бидејќи како резултат на немирите загинаа и припадници на безбедносните сили. Покрај тоа, демонстрантите направија неколку обиди да упаднат во административните згради и полициските одделенија, при што беа убиени десетици луѓе. Споменикот на Назарбаев во меѓувреме беше урнат во Талдикорган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Сиљановска ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор…
Претседателката денеска ги прими акредитивните писма на…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…