Семејство обвини дека нивен член починал поради недобивање помош од лекарите
Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави порталот на албански јазик „Тетовасот“.
Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.
-Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час, изјави еден од членовите на семејството, за „Тетовасот“.
Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.
-Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот, изјави директорот Плумб Вела.
Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена односно од 28 март
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…