Семејство со три деца во Италија со автомобил излетало во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Семејство со три деца, со автомобил излетало во море кај Џенова, а лекарите се борат за животот на мајката и шестгодишното момче, јавуваат италијанските медиуми.
Според информациите, трагедијата се случила во саботата под се уште неразјаснети околности.
Според медиумите, се работи за семејство од Милано, а несреќата се случила во туристичката зона на пристаништето во Лавања.
Најверојатно поради погрешен маневар, автомобилот паднал од пристаништето во морето.
Еден нуркач и двајца морнари веднаш скокнале во водата за да ги извлечат заробените патници. За жал, мајката и шестгодишното момче не можеле веднаш да ги извлечат и неколку минути останале заробени на задното седиште.
Повреденото момче со хеликоптер е префрлено во болница во Џенова. И тоа и неговата мајка се на одделот за интензивна нега и нивните животи се во опасност.
Според медиумите, таткото и двете деца на возраст од 16 и 12 години се задржани во болница и се во тешка психолошка состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица повредени во пожарот во Кочани транспортирани…
Италијанската амбасада преку соопштение информираше дека четворицата…
Италија го одби предлогот на Франција и…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли понудата…
Италија ја враќа нуклеарната енергија од која…
Владата на Италија го направи првиот чекор…
Ужас во Италија – вработени систематски тепале…
Полицијата во Италија вчера во голема акција…
Муртезани се сретна со новиот италијански амбасадор…
Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше…