Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“
Семејството на Теодора Ристовска жестоко реагираше откако Апелациониот суд во Гостивар ја потврди казната од две години затвор за Менсур Пајазити, возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора на пешачки премин во Тетово.
„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Кога убиецот се движи слободно, целата нација е жртва“, истакна семејството во писмото до јавноста. Тие нагласуваат дека казната е непропорционална на загубата и дека системот создава недоверба и омраза, наместо вистинска правда.
На 15 август 2022 година, Пајазити управувал возило „БМВ“ со брзина од 59 километри на час и не му отстапил првенство на Теодора, која поминувала на пешачки премин. По првичното судење во ноември 2023 година, тој беше осуден на три години и шест месеци затвор, а по жалба, казната беше намалена на две години затвор.
Семејството најавува дека ќе продолжи да бара правда и преку јавноста, потенцирајќи дека трагедијата на Теодора ќе остане вечна рана, но правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот…
Семејството на Теодора Ристовска жестоко реагираше откако…
Апасиев обвинува за предизборна измама од „хибридниот…
Граѓани, земјаци и другари - ЧУЈТЕ И…
Анализата од Белград ги потврдува сомневањата за…
Вишото јавно обвинителство во Зајечар доби извештај…
Унгарците го отфрлаат барањето на Трамп, нема…
Унгарија нема да се откаже од руската…
Три лица од Кочани лишени од слобода…
Лишени од слобода три лица, пронајдена дрога…