Сензација во фудбалскиот Куп – Работнички испадна од третолигаш, Вардар фати ритам, победи и за Пелистер, Брера, Брегалница..
Екипата на Шкендија Арачиново го приреди најголемото изненадување во Купот на Македонија совладувајќи го прволигашот Работнички со 2-0.
Изненадувачката победа на домаќините ја најави Љупчо Трпески со погодокот во првиот дел, а пред крајот видовме уште еден гол во мрежата на дебармаалци со кој само се потврди големото изненадување.
Во финишот тимот на Шкендија Арачиново пропушти и уште една голема прилика за поубедлива победа.
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар немаше проблем и со 0-2 беше подобар на гостувањето кај Новаци, додека најубедливата победа во сите натпревари ја забележа тимот на Шкупи кој постигна осум гола против Џепчиште.
Куп на Македонија 1/16 финале
Слободен – Брегалница 0-6
Кожуф – Арсими 0-2
Скопје – Пелистер 0-1
Борец – Детонит 0-1
Охрид Лихнидос – Беса 1-5
Џепиште – Шкупи 0-7
Вардар Н – Брера 0-4
Јени Мале – Шкендија 0-5
Новаци – Вардар 0-2
Карбинци – Силекс 1-4
Слога – Струга ТЛ
Натпреварите Победа – Гостивар, Башкими – Воска Спорт и Беласица – Македонија Ѓ.П се закажани за 2 октомври, додека Тиквеш е слободен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…