Сепак водата не е најдобриот пијалок за хидратација
Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Истражување на шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди реакциите на хидратација на неколку различни пијалоци. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро.
Според Роналд Моган, професор на Св. Ендрјус и авторот на студијата, еден од факторите на хидратација е секако количината на одреден пијалок, но фактор е и нутритивниот состав на пијалокот.
Докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага и да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.
Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација што се користат за лекување на дијареа. Тие содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои можат да помогнат во задржување на водата во телото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сепак водата не е најдобриот пијалок за…
Иако водата се смета за најздрав, а…
ТикТок пред американски федерален суд ги оспорува…
Платформата TikTok ги оспори пред американски федерален…
Израел нареди уште една евакуација во Газа…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска наредија нови…
Зеленски вели: Украина ги зајакна своите позиции…
Коментарите на украинскиот претседател доаѓаат откако портпаролката…
Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од…
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека…