Сепак има надеж за влез на Македонија во ЕУ!? – Италијанскиот премиер бара укинување на принципот на ВЕТО!
Марио Драги го повика блокот да носи клучни одлуки со квалификувано мнозинство, наместо да бара едногласна согласност.
Италијанскиот премиер верува дека во пресрет на „Ковид-19“ и воената кампања на Русија во Украина, ЕУ мора да научи да работи поцврсто и поефективно.
Европа треба да се движи кон „прагматичен федерализам“, рече Драги.
Европскиот парламент минатата недела ги одобри нацрт-предлозите за сеопфатна реформа на ЕУ, наведувајќи дека повеќето прашања за кои сега се „решаваат со едногласност треба да се решаваат со квалификувано мнозинство“.
Ваквиот ремонт во начинот на одлучување на Европската Унија може да биде од клучно значење за Република Македонија поради бугарското вето за влез во ЕУ на државата.
Вчера бугарскиот претседател Румен Радев денеска се пожали дека евроатлантските партнери вршат притисок врз Бугарија да го укине ветото за членството на Македонија во ЕУ. На денот на одбележувањето на 119-годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев, бугарскиот претседател беше покровител на Националната конференција во спомен на Делчев.
Од оваа иницијатива за реформа на ЕУ можеби на крајот најголема корист ќе има токму Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…