Сепак нема да има повисоко ДДВ за витамините

t

По бурните реакции во јавноста, се враќаат старите цени во аптеките. Витамините, суплементите, додатоците за исхрана за раст и развој на децата, мултивитаминските препарати кои содржат витамини Б, Д и Е, магнезиум, пробиотиците, кои требаше да се даночат со 10, се враќаат на 5%, велат од фармацевтската комора за Сител.

Од комората велат дека согласно одлуката, 10% ДДВ ќе има само кај два вида таблети за џвакање со вкус на јагода и портокал.

Додаваат дека чаевите со 18% ДДВ остануваат на 18.

Со 5% повторно се продаваат урдата, замрзнатото тесто, црниот бибер, црвениот пипер, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, хербалните чаеви, наполитанките, вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница, конзервираното цвекло и феферони.

Овие продукти се најдоа на листата со илјадници други чие ДДВ скокна од 5 на 10% со образложение дека се луксузни или пак, дека не се здрави.

„Лускузни“ остануваат: чипсот, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, тропското овошје, сончогледот, мастиките, најголем дел од зачините и уште стотици други производи.

Цигарите, за кои имаше информација дека треба да поскапат од вчера, ќе имаат нови цени од јануари, кога една кутија ќе се продава пет денари поскапо.

Во вторник, пак, на владина седница ќе се разгледува предлог-одлуката за зголемени давачки при увоз на возила. Според планот, повисока даночна стапка ќе имаат луксузните и возилата кои повеќе загадуваат.

Извор: ТВ Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна исплатата на поврат на ДДВ за…

Почна исплатата на повратот на ДДВ за…

УЈП најави дополнителни контроли заради сомневања при…

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе направи…

Сепак нема да има повисоко ДДВ за…

По бурните реакции во јавноста, се враќаат…

Апасиев: Немојте случајно да пуштите инспектори од…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук…

Се зголемува ДДВ-то за храната која не…

Се зголемува стапката на ДДВ од 5%…