Сепак ќе нема учебници од септември: Министерката се правда дека немала волшебно стапче иако пред само недела дена вети дека учебници ќе има

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на 26.06 изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември.

-Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците – изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

Само недела дена подоцна министерката за образование веќе почна да бара оправдување зошто учениците нема да имаат учебници во новата школска година.

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено дека до 1 септември ќе има учебници и за седмо одделение, министерката Јаневска соопшти дека фактичката состојба во Министерството е сосема поинаква.

„Не само што ниеден учебник за седмо одделение не е даден за печатење, туку огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, не е креиран учебникот. Некои не поминале ни рецензија. Волшебно стапче да имаме ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Оттука, веќе неколку дена траат преговорите и разговорите со Бирото за развој на образованието за да го надминеме овој проблем со идејата дека децата и оваа година треба да учат од старите учебници, односно од учебниците што се користеле оваа година“, рече министерката Јаневска, која денес беше дел од годишниот настан „Разговори за еднаквост“ во организација на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација.

И покрај јавното ветување очигледно владата на чело со Христијан Мицкоски и министерката за образование немаат капацитет да обезбедат учебници за учениците во новата школска година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трае Петровденскиот пост- еве што може да…

За православните христијански верници кои се водат…

Ова е планот на Таравари со кој…

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека…

Бигорски ги кани верниците на манастирската слава…

Бигорскиот манастир ги кани верниците на манастирска…

Научниците се сложуваат: Кајсиите се одлични за…

Ова вкусно овошје е актуелно во овој…

Да си знaете: Инфлацијата удри и по…

Инфлацијата не го заобиколува ниту познатиот фестивал…