Серија земјотреси ги погоди Гевгелија и Струмица, најсилниот со јачина од 5.1 степени

t

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, два од земјотресите се почувствувани на територијата на Македонија и тоа:

земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала

земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Сеизмолошка опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија земјотреси ги погоди Гевгелија и Струмица,…

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките…

На функција само со македонско државјанство: СДСМ…

Случајот со министерката за енергетика Сања Божиновска,…

Опасност од нови силни врнежи: Жителите на…

Жителите на областа Валенсија на југоистокот на…

Израелската армија соопшти дека убила високопоставен член…

Израелските воени сили соопштија дека го убиле…

Брисел не критикува за висината на јавниот…

Експертите со анализа за критичките точки на…