Серија земјотреси на грчкиот остров Евија
Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран кусо пред 3.30 часот на Евија, што е дел од низата земјотреси со ист епицентар во изминатите 24 часа во северниот дел на грчкиот остров, а предизвикана е помала материјална штета и пукнатини на над 50 објекти.
Претседателот на грчката Организација за антисеизмичко планирање и заштита Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека не постои посебна причина за загриженост, но дека го следат развојот, додавајќи дека на жителите им биле дадени потребните упатства.
– Ова е трет земјотрес со јачина од над 4 степени според Рихтер во последните 24 часа откако започна сеизмичката активност. Уште од самиот почеток нагласив дека во наредните денови ќе имаме земјотреси со јачина од 4 и 5 степени според Рихтеровата скала, посочи Лекас.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани десетици помали земјотреси, а најголемите беа од 4,1 и 4,4 степени, кои беа почувствувани и во Атина.
Градоначалникот на општината Мантуди Јоргос Цапуриотис за ЕРТ рече дека „многу домови претрпеа пукнатини, некои објекти претрпеа поголема штета“, посочувајќи дека бројот е сигурно над 50 објекти.
Со одлука на градоначалникот сите училишта во конкретната општина денеска се затворени за надлежните да извршат увид на објектите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
Земјотрес рано утрово во Словенија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…
Силен земјотрес на Камчатка
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…
Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…
Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…
Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според…