Серија на апсења во Скопје, на ГП „Св.Наум“ лишени од слобода двајца французи
На 15.10.2023 во 02.10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.Д.(24) од с.Стајковци, скопско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.10.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(36) и А.К.(38), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.10.2023 во 14.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.10.2023 во 13.30 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.10.2023 во 12.10 часот на Граничен премин „Св.Наум“, полициски службеници ги лишиле од слобода И.П.Р.В.Ф.(19) и Б.Т.А.А.(41), двајцата од Франција. При преглед во патничкото возило „рено твинго“ со француски национални ознаки, кое го управувал И.П.Р.В.Ф., а сопатник бил Б.Т.А.А., била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Богојески ќе предава на Воена академија
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор…
Експлозија во касарна во Германија, едно лице…
26-годишен маж загина во експлозија на земјиштето…
Адеми: Османи за македонскиот јазик го постигна…
Инсистирањето на Владата на Северна Македонија да…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…
Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над…
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките…