Сестрата на севернокорејскиот лидер ја обвини Украина дека бара нуклеарно оружје
Државниот медиум на Северна Кореја објави дека сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун – Ким Јо Јонг ја обвини Украина дека бара нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.
Ким своето тврдење го темели на онлајн петиција која досега собра помалку од 1.000 потписи.
Таа петиција би можела да биде политички заговор од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече Ким, но не обезбеди докази за тоа тврдење.
По минатонеделната најава на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва планира да распореди нуклеарно оружје во Белорусија, на веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател е отворена петиција.
Во петицијата се бара Украина да биде снабдена со нуклеарно оружје или да биде вооружена со такво сопствено оружје.
Од попладнево петицијата доби само 611 потписи, многу помалку од 25.000 потребни за одговор од Зеленски.
Британската агенција оценува дека Северна Кореја ја поддржува руската инвазија на Украина, но негира дека и испорачува оружје на Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…