Сејдини ги демантира обвинувањата: Се прави обид да се наруши кредибилитетот на Управниот суд

t

Најодговорно тврдам дека ништо од тоа не е точно. Ниту, рачна распределба на предмети, ниту пак 190 застарени предмети. Стојам на располагање, да видите или побарате, официјална информација да Ви доставиме дека нема застарени предмети од областа на даноците, царините и сличните предмети, каде што државата преку јавните органи утврдува обврски кон нашите граѓани, изјави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини и додаде дека се прави обиди за нарушување и на институционалниот капацитет и интегритет на судот.

Годишно, нагласи Сејдини, приливот на предмети во Управниот суд е околу шест илјади и во изминатите пет години додека тој раководи се совладува и секогаш е оценуван како ажурен.

– Верувам во довербата на граѓаните кон Управниот суд и кон целото судство, затоа што само со доверба и со верба секое утро дека ќе успееме да им служиме најдобро на нашите граѓани, изјави Сејдини.

Во однос на, како што рече Сејдини, шпекулациите за застареност на предмети, тој како претседател на судот, ниту пак електронскиот систем, располага со податоци кога одреден предмет ќе добие третман на застарен, даночен или царински долг за истите да бидат предмет на манипулација од чија било страна.

– Во областа на даноците и царините работат 18 колеги. Верувајте, они раководат со движењето на предметите и со решавање на предметите, така што, никој нормален нема да го дозволи тоа, а не пак судии кои макотрпно се трудат да обезбедат правда во оваа држава, нагласи Сејдини.

Освен прекршоците, кои што застаруваат согласно Законот за прекршоци, Сејдини, нагласи дека ретки се случаите на застареност во поглед на даноците и царините, а тоа е кога е веќе изминат апсолутниот рок на застареност од десет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…