Сејдини: Ме нападнаа тројца со маски, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот

t

Претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини, кој денеска беше нападнат од маскирани лица на паркингот на познат скопски ресторан, не е сериозно повреден. Во изјава за ТВ „Клан Македонија“, Сејдини вели дека напаѓачите биле тројца и дека носеле маски, а по нападот веднаш избегале.

Тој да исказ во полициска станица околу инцидентот, а во изјавата побара од МВР и надлежните институции што побрзо да го расветлат нападот.

Портпаролот на ФФМ претходно потврди дека се случил напад врз Сејдини, кој бил заедно со придружник, а напаѓачите им се нафрлиле во моментите кога првиот човек на ФФМ го напуштал ресторанот, каде имал работен состанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ