Сејмор Херш напиша за мотивите на годишнината од нападот над Северен Тек
На годишнината од нападот на Северен Тек 1 и 2, најпознатиот и најнаградуван истражувачки новинар на денешницата, Сејмор Херш напиша анализа околу мотивите за нападот по натписот во првичниот Сабстак во кој објаснува кој стои зад саботажата на гасоводот.
Според неговите разузнавачки кругови Херш пишува дека тоа било високо класифицирана и тајна операција на ЦИА со асистенција на елитен нуркачки тим од морнарицата на САД и помош од норвешкото разузнување.
Херш ја обвини САД дека извршила операција под лажно знаме (false flag) – кога мејнстрим медиумите побрзаа едногласно да ја обвинуваат Русија за саботажата на гасоводот, додека Русија се обидуваше да свика состанок на Советот за Безбедност и бараше да се покрене независна истрага под покровителство на Обединетите Нации.
Наместо да одговори на прашањата на новинарите кои се изнаредија, Белата Куќа ладнокрвно изјави дека поддржува само истрага од засегнатите земји во околина на нападот, како Шведска, Германија и Данска.
Суштината на новата анализа на Херш насловена како „Една година од лагите за Северен ток“ се занимава највеќе со мотивот на САД за нападот и уништувањето на гасоводот, а одговорот е прилично едноставен и очекуван, а тоа е многу важното прашање за зависноста на Европа од руските енергенси.
Анализата за мотивите според Сејмор Херш и неговите разузнавачки извори може да ја прочитате на следниов ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сејмор Херш напиша за мотивите на годишнината…
На годишнината од нападот на Северен Тек…