„Се боревме 213 денови и денес ни одлета…“, велат од Аџибадем Систина во емотивното соопштение по повод смртта на Панчо
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку социјалните мрежи упати емотивно соопштение по повод смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на популарното дуо ДНК, кој повеќе од седум месеци се лекуваше во оваа установа.
„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри и болничари кои беа 24 часа со тебе. Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство, се боревме и верувавме…“, стои во пораката објавена од болницата.
Од „Аџибадем Систина“ изразија длабоко сочувство до семејството на Панчо, неговите најблиски, пријателите и колегите, нагласувајќи дека тој оставил трага не само во македонската музика, туку и во срцата на сите што го запознале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Се боревме 213 денови и денес ни…
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку социјалните мрежи…
Разрешување на Коцевски прв приоритет на Мицкоски…
Робусната акција во правосудството на Хрситијан Мицксоки…
(Фото) Елена Ристеска со срцепарателна порака за…
Смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот…
Криминални структури на ДПМНЕ со закани кон…
Во очајнички обид да го задржат политичкиот…
Претседателството на БиХ бара Нобеловата награда за…
Претседателството на БиХ го номинира Доналд Трамп…