СЕ БОРЕШЕ КАКО ЛАВ СО ТЕШКАТА БОЛЕСТ: Почина Синиша Михајловиќ

t

„Газета дело Спорт“, како и познатиот новинар Фабрицио Романо објавија дека српскиот тренер Синиша Михајловиќ го загубил животот на 53-годишна возраст, откако ја загуби битката со леукемијата.

Михајловиќ починал во болница во Италија додека покрај него било семејството, откако во претходните денови му се влошила здравствената состојба по тешката битка со опасната болест.

Српскиот тренер од 2019 година се бореше со леукемијата, која ја победи двапати, но опасната болест повторно се врати и овој пат Михајловиќ не излезе како победник.

Михајловиќ својата фудбалерска кариера ја почна во Борово во 1986 година, по што играше за Војводина и Црвена Звезда пред да се пресели во Италија каде што ги носеше дресовите на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Како тренер работеше во Фиорентина, Катанија, Србија, Сампдорија, Милан, Торино и неговиот последен ангажман беше во Болоња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…