Се влошува состојбата на затворениците од “Диво Насеље”

t

Двајца од затворениците во случајот „Диво Насеље“ се во тешка здравствена состојба. Истите од вчера бараат дополнителен третман и лекување, велат за ТВ21 членови на нивните семејства. Тоа е затоа што тие штрајкуваат со глад околу две недели, поради тоа што не им се дозволува викенд отсуства и посета од семејства. Нивните барања, како што тврдат, не се разгледуваат. Дека нивната состојба се влошува потврди и заменик директорот на затворот Шутка Садуш Арифи.

„Од ден на ден нивната состојба се влошува. Ја следиме ситуацијата и им испраќаме лекар, доколку има потреба испраќаме и брза помош, се справуваме со ситуацијата колку што можеме, но се знае дека штрајкот со глад си го прави своето и здравствената состојба се влошува“, вели Арифи.

Од Управата за спроведување санкции не коментираат по ова прашање. ТВ21 неколку пати бараше појаснување за постапката за трансфер на осуденици од „Диво Насеље“, но директорот Марјан Спасовски не даде одговор. Арифи вели дека поднеле барање до оваа дирекција но се уште немаат одговор.

„Ние ја завршивме нашата работа, барањата за префрлување ги испративме до Управата за извршување санкции, но се уште немаме одговор дали да ги пренесеме или не. Освен во првите неколку денови, досега ништо не е направено на овој план“, рече Арифи.

Осудените во случајот „Диво Насеље„ на 23 мај се очекува да бидат префрлени од затворот Шутка во затворот Идризово. Адвокатот Насер Рауфи за ТВ21 изјави дека овој датум е крајниот рок до кога очекуваат да добијат позитивен одговор на барањата на затворениците. Во спротивно, предупредува дека ќе поднесат кривични пријави против одговорните лица кои го попречиле остварувањето на правата на затворените.

„Не сме сигурно со нашите затвори и овој суд. Но, мислам дека доколку не се испочитува овој рок, ќе преземеме други мерки од наша страна. Имаме договор и со мојот клиент да поднесеме кривични пријави против луѓето за кои мислиме дека го содадоа овој проблем“, вели Рауфи.

Народниот бранител Насер Зибери изјави дека овие права и бенефиции не треба да им се ограничат на осудениците под изговор дека се во затворени во затворот во Шутка.
Инаку, со ова преместување се очекува овие осуденици да ги остварат правата што им припаѓаат, а во затворот каде што моментално ја издржуваат казната постои законска пречка што го спречува нивното остварување. Тие права се отворени посети и слободни викенди.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ