Се врати за да драматизира? Бугарите во Македонија живеат во страв, вели бугарскиот амбасадор во Скопје

t

„Билансот на состојба не е многу позитивен. Нашите очекувања беа различни. Нашата делегација, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, во одреден момент успеа да се поклони на гробот на Гоце Делчев. Но нашите очекувања дека ќе ни се придружат Бугарите – од Бугарија, како и организациите на локалните македонски Бугари – не се остварија. Имаше дефекти на границата, интересно е само на влезот во Република Македонија. Беа вратени и многу наши граѓани“. Ова го изјави амбасадорот на Бугарија во РМ, Ангел Ангелов, на ТВ Нова.

Според него, македонските Бугари во моментов живеат во страв.

„Има голема ескалација на радикалниот говор – главно на социјалните мрежи“, додаде бугарскиот амбасадор

„Со месеци инсистираме властите и институциите во РМ да преземат мерки, не е можно лицата, имињата и адресите на Бугарите да се појавуваат на веб-страниците и да се жигосуваат дека не можат да живеат во Македонија бидејќи тие се Бугари“, посочи амбасадорот.

Единствено бугарскиот амбасадор не кажа дали европски вредности е нивните големи европејци да напаѓаат полиција во Македонија, па тоа дрско и да го снимаат и објавуваат на социјалните мрежи, а потоа да се жалат за изречените пресуди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…