Се гасне пожарот во пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ
Пехчево денеска е завиено во чад, по пожарот кој вчера околу пладне повторно избувна над градот. Во пожарот изгоре единственото противпожарно возило сопственост на Доброволното противпожарно друштво „Пехчево”, а припадници на друштвото се здобија со помали изгореници, откако беа извлечени и спасени од вработените на подружницата на ЈП Национални шуми од Пехчево.
Од утрово пожарот се гаси од земја и воздух со хеликоптерска поддршка на АРМ, додека на терен покрај ДПД „Пехчево” се наоѓа поголем екипаж луѓе од Пехчево и околните места.
Хеликоптерите коишто учествуваат во гаснењето црпат вода од импровизираниот базен на Градскиот стадион.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански апелира и понатаму кој е во можност да се приклучи на екипите со збирно место на градскиот плоштад. Во меѓувреме, на отворениот штанд се доставуваат продукти и вода за учесниците во гаснењето на пожарот.
Моментално ТППЕ Берово заедно со Шумската полиција, претставници од ЈП Национални шуми од Берово и Пехчево, како и припадници на ТППЕ Кавадарци, заеднички го гаснат пожарот над Пехчево на месноста Вртена скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…