Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти
Преку 60 мртви во пожари, десетици и десетици милиони материјална штета, технички сервиси оставени да работат после докажана хаварија, држени во фиока случаи од страна на одговорни министри, серија на сомнителни пожари во институции и за ослободување на плацови за градење, и ниту еден, еден единствен одговорен, пишува на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.
Абе Пошта ја запалија уништувајќи културно наследство, и никому ништо.
За чин кој пред 70 години човек би бил прогласен за народен херој, глумат правна држава и одговорни институции.
Лани додека гореше државата и шуми отидоа неповрат си се ладеа на море, а ги немаа оспособено ни тие три ертрактори.
Да, никој не треба да зема правда во свои раце, ама разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост.
Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИГУРНАТА ИДНИНА НА АЛБАНЦИТЕ Е НАЈВАЖНА: ВЛЕН…
Новата организација на Владата ќе овозможи поголем…
Никој не може против народот: Ламбе е…
Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе…