СЕ ЗАБАВУВАЛЕ ВО НОЌЕН КЛУБ, ПА БИЛЕ БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНИ: Девојка и момче нападнати од три лица во Охрид, побарале Итна помош
Дваесет и осумгодишна девојка и 34-годишно момче биле напднати синоќа во Охрид.
Според информациите од полицијата, за нападот осомничени се три лица кои ги начекале девојката и момчето на паркинг пред ноќен клуб во Охрид околу 2 часот по полноќ.
Момчето се здобило со тешки повреди, а полицијата ги повика во станица А.Т. и К.С. двајцата од Охрид, кои се сомничат за нападот заедно со уште едно лице.
„На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид“, пишува во соопштението од МВР.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…