Објавено на:

Се заострува ситуацијата во Украина: Захарова предупредува дека сме на раб на нуклеарна војна!

t

Руското Министерство за одбрана соопшти дека им нанело големи загуби на украинските сили во изминатите 24 часа, тврдејќи дека убиле најмалку 425 војници и собориле три авиони и девет беспилотни летала.
Руските сили собориле три украински воени авиони над источна Украина, објави главната команда на руската армија

Руски борбени авиони уништија авиони Су-25 и Су-24, двата авиони од советската ера, над регионот Доњецк во источна Украина, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Уште еден авион МиГ-29 од советско производство е соборен во областа Николаев, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува британската агенција.

Украина пак денска објави нови податоци за руските загуби.

Во извештајот се наведува дека загинале во 140 дневната воена инвазија врз Украина, загинале 37.570 руски војници, а уништени се 1.649 тенкови, 3.832 оклопни возила, 217 авиони и 188 хеликоптери.

Русија продолжува да се обидува да го поткопа легитимитетот на украинската држава и да ја консолидира сопствената управа и административна контрола врз окупираните делови на Украина, соопшти британското министерство.

Русија пак денеска ги обвини САД и западот дека дека светот е на раб на нуклеарна војна

Вината за ова Москва ја гледа во провокациите кои САД и западните држави ги правата со цел да ја испорвоцираат Русија да преземе мерки за целосна одбрана.

„САД и нивните сојузници се на работ на отворен воен конфликт со Москва, кој би бил полн со нуклеарни тензии, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за руската новинска агенција ТАСС.

Москва потсети дека крајно време е САД да ја признаат својата улога во државниот удар во Украина во 2014 година,

„Општо познато е дека САД се обидоа да го соборат претседателот на Венецуела. Сега чекаме признавање на клучната улога на САД во нелегалниот државен удар на Мајдан во Украина во 2014 година, што исто така е јавна тајна. напиша првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански

Полјански вака го коментира признанието на поранешниот висок функционер на Белата куќа, Џон Болтон, дека учествувал во подготовката на државни удари во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…