Се запали автомобил пред плоштадот „Скендербег”
На влезот пред Старата скопска чаршија, кај плоштадот „Скендербег”, на претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.
Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.
– Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.
Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот по што за кратко време беше ставен под контрола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се запали автомобил пред плоштадот „Скендербег”
На влезот пред Старата скопска чаршија, кај…
Историска балканска каша: Бугарите го направија Бугарин,…
Српска група на Телеграм вели дека Скендербег…
Две лица нападнати кај плоштадот “Скендербег”
Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата…
Јакимовски: Ќе се бара Скендербег да се…
Во денешното гостување во ТВ 24, градоначалникот…
Левица поднесе претставка до МВР за полицајците…
Политичката партија Левица денеска до Одделот за…