Објавено на:

Се запали Боинг со 235 луѓе во него по полетувањето од Лос Анџелес

t

Патнички авион во петокот се запали кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а во него имаше 226 патници и 9 членови на екипажот.

Се појави снимка на која се гледа застрашувачкиот момент кога се запали моторот на Боингот 767 на Делта ерлајнс, кој летал кон Атланта.

Пилотите мораа да го свртат авионот и да се вратат поради проблем со левиот мотор, објави претходно Делта ерлајнс.

Авионот на крајот слета безбедно и се упати кон излезот. Во тој момент немаше повеќе пожар. Патниците можеа нормално да излезат од авионот.

Пожарникарите го прегледаа авионот како мерка на претпазливост. Во тек е истрага за да се утврди што тргнало наопаку. Авиокомпанијата нагласи дека патниците биле превезени до нивната дестинација со друг авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали Боинг со 235 луѓе во…

Патнички авион во петокот се запали кратко…

Боинг се спогоди со Канаѓанец кој го…

Американската авиокомпанија Боинг постигна спогодба со Канаѓанец…

„Катар ервејс“ ќе купи 160 авиони од…

Американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на…

Маск сака да го купи „Боинг“?

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го…

„Боинг“ ќе отпушти десет проценти од работниците

Американскиот производител на авиони Боинг најави укинување…