Се запали комбе во движење на патот Радовиш-Штип
Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се запали во движење на експресниот пат Радовиш-Штип, во близина на крстосницата за Рудникот „Бучим“.
Според информацијата на портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, запалувањето на возилото било пријавени во Полициската станица Радовиш во 19:30 часот.
„Пожарот го изгаснале пожарникарите од Радовиш, а екипа на полицијата врши увид на местото на незгодата. Во пожарот нема повредени и загинати„,
Заради пожарот се создадоа подолги колони возила од двете страни на патот, а по интервенцијата на пожарникарите нормализиран е сообраќајот, кој извесно време се пренасочуваше по регионалниот пат кон Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Две лица загинаа, едно е повредено…
Во сообраќајната несреќа што се случи на…
Тешко повреден е малолетник од Велешта, со…
МВР информира дека вчера во 13.30 часот…
Се запали комбе во движење на патот…
Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се…