Се затвора и Железарница?! Ѓерасов вели 1900 вработени се на принуден одмор!
Претседателот на Синдикатот на индустрија , енергетика и рударство на Македонија, Игор Ѓерасов во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, вели дека моментално 1900 вработени се на принуден одмор од 70 проценти од просечната плата на три големи компании, а се очекува и затворање на Железарница поранешна Макстил во декември и јануари.
Значи моментално во компаниите ЕУРО НИКЕЛ Индустри, Боров Дол Бучим, Радовиш, и 11ти Октомври фабрика за производство на цевки моментално околу 1900 вработени се на принуден одмор од 70 проценти од просечната плата.
Во најава се и големите индустриски капацитети Железарница бивша Макстил, со сигурност нема да работат во декември и јануари, додека ладна валарница е во предвремен ремонт и ресурсите ги репрограмираат за да можат да ја пребродат оваа криза. Тука конкретно и директно се загрозени моментално околку 2500 до 3000 вработени, посочи претседателот на СИЕР Ѓерасов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се затвора и Железарница?! Ѓерасов вели 1900…
Претседателот на Синдикатот на индустрија , енергетика…