Се зголемуваат цените на пченицата, маслото и месото

t

По пет месеци пад, светските цени на храната повторно пораснаа. Пченицата, повеќето растителни масла и неколку видови месо забележаа раст, додека цените на сирењето и шеќерот паднаа, предупредува ФАО. Зголемувањето на цените на житарките, особено пченицата, е поврзано со неповолните временски услови во Европа и САД, како и со логистичките проблеми во Русија и регионот на Црното Море – клучна извозна област за Европа. Индексот на цените на растителното масло достигна највисоко ниво од јуни 2022 година, додека цените на месото, особено овчо и говедско месо, се зголемија поради силната меѓународна побарувачка.

ФАО проценува дека глобалното производство на пченица во 2026 година би можело да се намали за околу три проценти на приближно 810 милиони тони, бидејќи пониските цени го намалуваат интересот на земјоделците за сеење во некои големи региони за производство, вклучувајќи ги ЕУ, Русија и САД. Во исто време, производството останува стабилно во Индија, Пакистан и Кина. Глобалното производство на житни култури во 2025 година достигна рекордни 3.029 милиони тони, додека светската потрошувачка во сезоната 2025/26 се очекува да достигне 2.943 милиони тони- пишува Каматица.

Залихите би можеле да пораснат на 940,5 милиони тони, а трговијата со житни култури во 2025/26 година се проценува на 501,7 милиони тони, што е за 3,5 проценти повеќе од претходната година. Експертите предупредуваат дека ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток би можела дополнително да ги зголеми цените на енергијата и ѓубривата, што би ги зголемило трошоците за производство и транспорт на храна низ целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се зголемуваат цените на пченицата, маслото и…

По пет месеци пад, светските цени на…

Од полноќ поскапуваат бензините

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и…

Остар пад на цените на златото

На почетокот на 2026 година, цените на…

Поскапува дизелот – од полноќ нови цени…

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за…

Цената на бакарот ги руши сите рекорди

Цените на бакарот продолжија со силниот раст…