Се лепат опомени за хаварисани возила во Центар – доколку не се отстранат, ќе има казни!

t

Општина Центар, во соработка со ПОЦ и МВР, започна акција за отстранување на хаварисаните возила кои не се во возна состојба и долго време зафаќаат паркинг простори или се на јавни површини.

Првично започнаа да се отстрануваат стари возила од просторот околу Соборниот храм и бараките на Општина Центар, а акцијата продолжува и на други локации во општината каде што се пријавени вакви возила.

Периодов, инспекциските служби на Општина Центар ставаат известувања и опомени до сопствениците на овие возила.

Во истите е наведено дека сопствениците можат да се јават на телефонскиот број 076 350 767 за да организираат бесплатно отстранување на возилото од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, кое ќе биде пренесено до соодветна локација, по договор.

Како што е посочено, доколку возилото не биде отстрането до одредениот период, против сопственикот ќе биде поднесена пријава за сторен прекршок согласно со член 63 став 1 и став 2 од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за што е предвидена парична казна од 45 евра, или согласно со член 14А став 2 алинеа 7 од Законот за јавна чистота за што е предвидена парична казна од 150 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Доставена иницијатива до ЗЕЛС за итни…

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со…

Еднократна помош од 2500 денари ќе добијат…

Заврши јавниот повик за доделување еднократна парична…

Се лепат опомени за хаварисани возила во…

Општина Центар, во соработка со ПОЦ и…

Хаварисаните возила заминуваат од Центар, „пајакот“ ги…

Општина Центар во заедничка акција со ПОЦ…

Полицијата приведе малолетник од Скопје: Шетал низ…

Полицијата во Скопје синоќа привела малолетник, кој…