Се намалува цената на мазутот

t

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)

-дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

-масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

-мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ утре ќе донесе одлука за цената…

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре…

Цената на златото на историски максиумум и…

Цената на златото достигна највисоко ниво во…

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…

Ново поевтинување на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ за два денари…

Последни пресметки за цената на парното греење,…

Компаниите кои се надлежни за парното греење…