СЕ НАПИЛ КАФЕ И КИСЕЛА ВОДА, ЗАВРШИЛ НА ТОКСИКОЛОГИЈА! Битолчанец се затрул од антикорозивно средство
Битолчанец на 42-годишна возраст завршил на токсикологија, откако во битолско кафуле испил кисела вода и кафе и добил симптоми на труење. По преглед во битолската болница, бил префрлен на Клиниката за токсикологија во Скопје, каде, според болнички извори, било констатирано дека најверојатно испил хемиско средство за отстранување корозија. Овие средства содржат силни киселини, кои имаат уништувачки ефекти врз внатрешните органи.
Случајот бил пријавен во битолската полиција во вторникот, а го пријавила сестрата на битолчанецот.
„На 21.03.2023 околу 15.30 часот во СВР Битола, Л.Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А.Т.(42) од Битола му се слошило откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола. Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…