Објавено на:

Се најавуваат неколку силни финансиски инјекции – Град Скопје ќе помогне

t

Поранешниот двократен европски ракометен првак Вардар ги преживува најтешките денови во својата историја откако неоправдано беше исклучен од наредната сезона во Лигата на шампионите поради долгови од старото раководство кое сепак беа исплатени, но со минимално задоцнување. Сепак ЕХФ, која е позната по своите „инстант“ закони и решенија не дозволи македонската гордост да добие втора шанса.

Сето ова значеше бура од негодување кај навивачите, особено откако сите планирани странски засилувања решија да не дојдат. Но, и тоа не е толку голема трагедија зашто костурот на клубот од минатата сезона останува ист. Што значи Вардар пак ќе биде силен како лани, а тоа ветува нова интересна борба за титулата.

Еден од творците на шампиониот Вардар во пост Самсоненко ерата, голманот Борко Ристовски, ги смирува страстите на навивачите и најавува уште посилен клуб и црвено-црн колектив, нешто што меѓу редови го соопшти и претседателот Михајло Михајловски.

Михајловски најави позначителна помош од локалната власт во Скопје, а од порано се знае дека и општина Аеродром ќе се вклучи во финансирањето на екипата. Се најавуваат неколку силни финансиски инјекции од септември. Доаѓаат ли подобри денови за Вардар, по шокот што се случи со исклулувањето од ЛШ?

„Точно е тоа што го кажа како најава Михајловски. Веке некое време работиме на тоа Вардар да стане финансиски стабилен и да не се случи тоа што го снајде ФК Вардар. За таа цел претседателот Михајловски води разговори со неколку компании, паралелно се разговара со градоначалничката на Скопје, од порано се знае дека Градонацалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека ќе помогне. Се трудиме вардар да остане таму каде што припага, а тоа е во врвот на Европа“, вели Борко.

Ќе има ли Вардар конкурентен тим за титула ако се знае фактот дека најголемиот противник – битолски Пелистер прави целосен ремонт – доаѓаат нов странски тренер и заилувања…

„Се прават максимални напори Вардар најпрво да го задржи костурот на екипата за да можеме повторно да бидеме конкурентни и во игра за шампионската титула. Морам да истакнам дека оваа сезона ќе ни биде уште потешка со оглед на сите турбуленции што се случуваат, меѓутоа ме радува фактот што сите македонски играчи се согласија да останат во овие тешки моменти и да му помогнат на тимот во борбата на секое поле“.

Михајловски на прес конференцијата најави една нова улога за Борко, а тоа е тренер на голманите. Делува изненадувачки за јавноста дека ќе бидеш и на теренот и на клупата…

„И јас малку се изненадив од најавата дека ќе бидам тренер на голманите и секако дека претставува чест да се биде дел од Вардар на било кое ниво, меѓутоа јас себеси се гледам како голман и активен на теренот барем уште некое време. А за помош и за соработка со Томовски и со Гогов сум секогаш отворен и самите тие тоа го знаат. Сепак на крајот на денот морам да кажам дека имам поинакви планови по завршувањето на својата играчка кариера.

Тоа што ги интересира најмногу фановите е дали во наредниве пет години Вардар пак ќе има сили и буџет повторно да биде конкурентен во Европа и да се замеша за нов пласман на Ф4 во Келн…

„Би сакал ова да биде и една своевидна порака до најверните навивачи на вардар – Комитите, меѓутоа и до секој еден скопјанец, Македонец. Од името на цела екипа, целиот клуб, можам да ветам дека ќе направиме сѐ, буквално сѐ што треба за Вардар да биде оној стариот. Затоа е потребна подршка буквално од сите. Почнувајќи од институциите, компаниите и сите љубители и поддржувачи на ракометот и на Вардар. Сите заедно мораме и ќе ја поминеме оваа тешка ситуација„

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем помор на риба во Вардар кај…

Голем помор на риба и останатиот жив…

Човечко тело извлечено од вода на вливот…

ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…

(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…

Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…