Објавено на:

Се ниша тронот на Новак Ѓоковиќ: Еве кој може да му го земе првото место на АТП листата!

t

Новак Ѓоковиќ ја започна 427-та недела како тенисер број еден во светот на АТП листата, но тронот на српскиот ас се тресе поради Ролан Гарос. Јаник Синер, италијанскиот тенисер се заканува дека ќе го заземе местото на Новак и има голема шанса за тоа.
Првото место на АТП листата повеќе не е примарна цел на Новак Ѓоковиќ, но нема сомнеж дека го радува и фактот што на таа позиција е веќе 427 недели.


До Ролан Гарос, кој стартуваше во неделата, Новак беше сигурен на тронот, но сега прашање е повеќе за Јаник Синер, кој во случај на неколку сценарија може да го преземе првото место.
Во Женева српскиот ас освои 100 поени и сега има 9.960, додека Италијанецот е зад него со 8.770. Новак брани 2.000 поени на париската земјена подлога, додека Синер, од друга страна, има само 45.
Тоа значи дека доколку Новак не се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, Синер ќе стигне до првото место. Во случај српскиот ас да загуби во полуфиналето, на Италијанецот му е доволно само второто коло од турнирот.


Во случај Синер да стигне до финалето за првото место, нема да има потреба да се грижи за Новак, бидејќи во тој случај дефинитивно ќе стане рекет број еден во светот. Дури и Новак да ја одбрани титулата, Италијанецот да стигне до финалето, ќе го преземе тронот.
Единствената добра вест за српскиот ас е што Јаник не пристигна во Париз во најдобра форма. Долго се опоравуваше од повредата и истакна дека може да игра, но дека не го очекува својот најдобар тенис.


Третото место на АТП листата и натаму го зазема новооздравениот Карлос Алкараз, а зад него се Александар Зверев и Даниил Медведев. Во првите десет тенисери во светот се и Андреј Рубљев, Каспер Руд, Хуберт Хуркач, Стефанос Циципас како и Григор Димитров.

АТП листа:

  1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.960
  2. Јаник Синер (Италија) 8.770
  3. Карлос Алкараз (Шпанија) 7.300
  4. Александар Зверев (Германија) 6.305
  5. Данил Медведев (Русија) 6.295
  6. Андреј Рубљов (Русија) 4.700
  7. Каспер Руд (Норвешка) 4.425
  8. Хуберт Хуркач (Полска) 3.885
  9. Стефанос Циципас (Грција) 3.700
  10. Григор Димитров (Бугарија) 3.555

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…