Се нормализира железничкиот сообраќај, прифатени се барањата на персоналот

t

Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски во изјава за МИА рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.

„Исполнето е нашето барање за исплата на патните трошоци. Бојкотот во МЖ Транспорт ќе прекине со возот 643 кој од Скопје за Битола попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути“, рече Димовски.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт од петокот попладне стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата ги бркала демонстраните кои блокираат железници…

Протест против експлоатацијата на бор и литиум…

Пренасочување на сообраќајот кај Кривогаштани и Мало…

ЦУК: планирано е пренасочување на сообраќајот кај…

Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…

Иако на крајот од минатата година, преку…

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Густа магла кај Бунец, Маврово видливоста намалена…

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива…