Се обелоденуваат имињата на функционерите во админстрацијата на Трамп: „Царот на границите“ се враќа во кабинетот
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го потврди назначувањето на Том Хоман за одговорен за водење на граничната политика и политиката за депортација во неговата нова администрација.
Хоман, кој беше вршител на должноста директор за имиграција и царинско спроведување за време на првиот претседателски мандат на Трамп, ќе добие широка улога која опфаќа голем број области кои беа клучни ветувања во кампањата.
Трамп го нарекува Хоман „цар на границата“, кој ги надгледува безбедносните прашања од јужната граница до воздухопловната безбедност. Тој понатаму изјави дека Хоман „ќе биде задолжен за сите депортации на илегални странци назад во нивната земја на потекло“.
За време на кампањата, тој постојано ги напаѓаше илегалните имигранти кои, според него, „ја трујат крвта на неговата земја“ и вети дека ќе ја врати политиката на раздвојување на семејствата на границата, пишува Франс прес.
Томас Хоман веќе ја водеше агенцијата, која е дел од Одделот за домашна безбедност, за време на претходниот мандат на Трамп (2017-2021). Во тоа време, речиси 4.000 деца мигранти беа одвоени од нивните родители и ставени во притвор.
Од друга страна, лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел ќе се пензионира на крајот на годината, отворајќи битка за негово замена. Со оглед на тоа што републиканците сега имаат мнозинство во Горниот дом на Конгресот, таа трка сега е всушност внатрепартиска борба, а во изминатите 24 часа стана јасно дека еден човек ја води битката: Рик Скот.
Претходно Трамп откри дека Сузи Вајлс ќе биде шеф на кабинетот на Белата куќа. Вивек Рамасвами, биотехнолошкиот претприемач кој привлече внимание за неговата претседателска кампања, сега се споменува како можност за функцијата државен секретар. Претходно за оваа позиција се шпекулираше и со името на Ричард Гренел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…