Објавено на:

Се обложиле на смртта на ајатолахот, платформата одбила да исплати 54 милиони долари

t

Американско-израелски бизнис директор мислел дека освоил огромна добивка кога видел зелени ознаки покрај својата обложувачка прогноза за соборувањето на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Неговата обложба од 3.460 долари одеднаш се претворила во потенцијална исплата од повеќе од 63.000 долари, откако американските и израелските сили го убиле Хамнеи во воздушен напад. Сепак, исплатата никогаш не се случила.

Како што пишува порталот Futurism, платформата за пазари на предвидувања „Калши“ одбила да исплати вкупно 54 милиони долари на корисници кои се обложиле дека Хамнеи ќе биде „соборен“ од позицијата врховен лидер на Иран минатиот викенд. Компанијата ја образложила одлуката со тврдењето дека неговата смрт не се смета за „соборување“ од функцијата, а платформата не дозволува облози што се директно поврзани со смрт.

Одлуката предизвикала незадоволство бидејќи обложувањето било дозволено и собрало милиони долари пред компанијата да ја донесе конечната интерпретација на правилата.

„Резервирав патување во Куршевел“, се пошегувал директорот во изјава за „Вашингтон пост“, алудирајќи на познатото луксузно скијалиште во француските Алпи. „Потоа ги сменија правилата… и сите нè измамија.“

Иако платформата наводно им ги вратила уплатените средства на сите обложувачи во еднакви размери, многумина кои очекувале огромни добивки го изразиле својот гнев на интернет.

„Толку сум згрозен што, искрено, се откажувам од пазарите на предвидувања, барем во блиска иднина“, напиша еден инвеститор на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. „Ми должите повеќе од 2.500 долари, а на многу други обични инвеститори им должите уште милиони.“

Критики стигнаа и од политичари. Демократскиот сенатор Крис Марфи за „Вашингтон пост“ изјави дека ваквите пазари на предвидувања претставуваат „американска комерцијална неморалност на стероиди“.

„Кога настаните што вклучуваат добро и зло стануваат само финансиски производ, не знам како повеќе има смисла што е исправно, а што погрешно“, изјави Марфи, додавајќи дека луѓето не треба да навиваат некој да умре само затоа што се обложиле на тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се обложиле на смртта на ајатолахот, платформата…

Американско-израелски бизнис директор мислел дека освоил огромна…

САД бара капитулација, Иран одговара: „Нема предавање“

Војната меѓу Иран од една страна и…

Иранскиот претседател: Гаѓавме американски бази, не пријателски…

ранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, повтори дека Техеран…

(Видео) Под напад иранската нафтена инфраструктура во…

Израелските воздухопловни сили ја напаѓаат иранската нафтена…

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира…

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила…