Објавено на:

Се огласија од Косово: Србите блокираат патишта поради лажна вест дека доаѓаат специјалци

t

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за порталот Косев, инфо потврдил дека има блокада во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе.

– Имаше блокада на патот во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе. Наводно се раширила лажна вест дека општината ќе биде блокирана од специјални единици, што апсолутно не е точно и нема таква намера, изјави Бесим Хоти за Косев.

Претходно сирени се огласија во северниот дел на Косовска Митровица. Во меѓувреме сирени се слушнале и во Зубина Поток.

КФОР соопшти дека „ја следи ситуацијата и собира податоци”.

– Во врска со сирените за тревога кои непрекинато се слушаат во северниот дел на Косовска Митровица, КФОР ја следи ситуацијата и моментално собира информации, соопштија од штабот на КФОР.

Новинарката од Косовска Митровица, Ана Марија Ивковиќ, изјави дека косовската полиција официјално потврдила дека граѓаните поставиле барикади на две места кај Вараге и во Рударе. На тие места блокирани се патишта и има граѓани и механизација, а засега состојбата е мирна.

Ивковиќ за Н1 рече дека никој не може со сигурност да каже која е причината за сирените кои сè уште се слушаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…