Објавено на:

Се огласија од КФОР: Зад насилните протести во Косово стојат криминални групи

t

Портпаролот на Штабот на мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), Андреа Галиени изјави дека „беше јасно“ оти зад насилните протести на Србите во северно Косово, што започнаа пред повеќе од десет дена, „се криеја криминални групи кои се обидоа да ги нападнат трупите на КФОР.

Галиени на денешната прес-конференција во Приштина рече дека во протестите на 29 мај во општина Звечане беа повредени 30 припадници на мировната мисија, од кои 11 од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, а во наредните денови уште неколкумина други.

-Од 29 мај дополнителни сили на КФОР беа дислоцирани на косовскиот север, откако четворица градоначалници неколку денови порано се обидоа да влезат во канцелариите на сила. КФОР беше таму за да ја спречи натамошната ескалација на протестот и на 29 мај во една општина се случи голем протест, во кој беа инволвирани војниците на КФОР. Во протестот војници беа повредени со камења, импровизирани експлозивни средства и огнено оружје. Беше јасно дека луѓето се обидуваа да протестираат на мирен начин, но исто така беше јасно дека зад нив се криеја криминални групи кои се обидуваа да ги нападнат припадниците на КФОР, изјави Галиени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…